Connect with us

Ракомет

Срце сака, но толку е силата, Вардар убедливо поразен од Кил

Нов пораз на актуелниот европски првак Вардар, четврти во низа. Како на мечот во „Јане Сандански“ така и вечерва Кил победи со двоцифрена разлика, 34:23. Се виде во првиот дел дела Вардар сака да се надигрува, сака повеќе на овој натпревар, но немаше одговор за играта и нападите на домаќинот.

Особено расположен беше Екберг со 8, но и Ландин со шест погодоци. Во тимот на Вардар, Криштопанс погоди шест пати, додека Столе Стоилов имаше пет погодоци. Еден помалку запиша Дибиров.

Со четири порази во низа, пет меча без победа, Вардар се најде на шестото место со 9 бодови.

Во следното коло на 15.февруари Вардар го пречекува Мотор.