Connect with us

Фудбал

Станковски: Знаев дека овој Работнички може многу

Екипата на Работнички оствари две значајни победи на двата последни првенствени натпревари, против Пелистер (2-0) и со Вардар (3-1). Тоа значително ја подобри атмосферата во тимот, со аспирација позитивните резултати да продолжат и на наредните мечеви.

Тренерот Горан Станковски е задоволен од изданието против шампионот Вардар, истакнувајќи дека ова го предвидел уште кога дојде на клупата, а сега работите доаѓаат на свое место.

– Уште кога бев назначен за нов шеф на стручниот штаб, реков дека Работнички има голем квалитет во својот тим. Требаше само психолошки да се подигнат фудбалерите, и со напорна работа да се врати екипата во победнички колосек. Драго ми е што успеавме во тоа, и сега не смееме да застанеме тука, иако не е лесно да се остварат две големи победи по ред, против Пелистер и против Вардар. Заслугите секако одат кон фудбалерите, максимално се мотивирани да го покажат својот квалитет, работат одлично на тренинзите, и токму затоа дојдоа и позитивните резултати, изјави Станковски за клупската веб страница.

Следен ривал на „романтичарите“ е Шкупи.

– Шкупи е квалитетен тим, многу добро ги познавам дел од фудбалерите на овој ривал, и сигурно дека не очекува нов тежок предизвик. Имаме и повредени фудбалери, но верувам дека сите што ќе добијат шанса ќе ја искористат и дадат полн придонес за да оствариме уште еден позитивен резултат, истакнува тренерот на Работнички.