Фудбал
Стариџ се обидува да ја спаси својата кариера и пристигнува на проба во шпански клуб
Англискиот напаѓач Даниел Стариџ е без клуб повеќе од една година.
Последниот ангажман Стариџ го имаше во дресот на Трабзонспор кој го напушти во март 2020 година. Англискиот напаѓач тогаш доби четиримесечна суспензија за кршење на правилата за обложување.
Интересно, англискиот напаѓач „падна“ поради извештаите за трансфери. Тој на својот брат му даде информација дека ќе се пресели од Ливерпул во Севилја во јануари 2018 година. Тој се бранеше дека неговите пораки до неговиот брат не биле најдобро разбрани и дека не се чувствува виновен.
Да биде работата уште поинтересна, тој дури не се пресели во Севилја, туку во Вест Бромвич Албион, и немаше право да игра фудбал до 17 јуни минатата година.
Сепак, по овој скандал, на Стариџ му е многу тешко да најде нов клуб, иако тој е фантастичен напаѓач кој имаше многу забележителна кариера.
Но, се чини дека ова лето искусниот англиски напаѓач конечно би можел да се смири. Шпанските медиуми објавија дека Стариџ ќе оди на проба во Мајорка, која летово се врати во Ла Лига.
Мајорка минатата сезона се врати во најсилниот ранг на шпанскиот фудбал и прави тим за новата сезона, а Стариџ може да биде дел од тоа.
Daniel Sturridge is set to go on trial with La Liga side Mallorca ??
Los Bermellones know a thing or two about strikers ? pic.twitter.com/Xw9Cny41aK
— Goal (@goal) July 13, 2021
Англичанецот ќе дојде на проба и ќе тренира со тимот две недели, по што во Мајорка ќе одлучи дали ќе му понуди договор на овој 31-годишен напаѓач од Бирмингем.
Стариџ се појави во дресот на Астон Вила, а во досегашната кариера има играно и за Ковентри, Манчестер Сити, Челси, Болтон, Ливерпул и ВБА.
Исто така, овој напаѓач одигра 31 натпревар во дресот на репрезентацијата на Англија за кои успеа да постигне осум гола. Тој ја освои Лигата на шампионите двапати, и еднаш беше шампион во Премиер лигата. Во својата витрина има уште два трофеја во ФА Купот.
View this post on Instagram