Connect with us

Фудбал

Стартува Премиер лигата, а Тен Хаг вели: Не сме спремни!

Манчестер Јунајтед и Фулам вечерва ја отвораат новата сезона во Премиер лигата, а пред натпреварот менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг изјави дека неговиот тим не е подготвен за старт.

„Точно е дека тоа не беа подготовки на кои можеш да работиш со тимот пет-шест недели. Тоа е комплицирано. Имавме тим за турнејата низ САД, потоа дојдоа играчите кои играа на ЕП и на Купот на Америка, а сега засилувања и сега треба да направиме тим од тоа. Тимот не е подготвен, но лигата почнува. Има повеќе тренери кои го имаат овој проблем“, изјави Тен Хаг, пренесе Скај.

„Дефинитивно го имаме тој проблем, но сепак имаме некои правила, некои принципи и мора да почнеме. Не можеме да се сокриеме, не можеме да побегнеме од тоа, па мораме да се соочиме со тоа“, додаде тренерот на Јунајтед.

Натпреварот на Олд Трафорд се игра вечерва од 21 часот.