Connect with us

Фудбал

Стигна официјална потврда, Рубен Аморим нов тренер на Манчестер Јунајтед

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед го назначи Рубен Аморим за нов тренер. Португалецот на клупата на „црвените ѓаволи“ ќе го наследи Холанѓанецот Ерик тен Хаг, кој доби отказ по поразот од Вест Хем. Овој трансфер го потврди и претходниот клуб на Аморим, Спортинг, кој преку официјалниот сајт потврди дека „црвените ѓаволи“ ќе платат десет милиони евра за услугите на нивниот тренер кој ќе се пресели на „Олд Трафорд“.