Connect with us

Фудбал

Стивен Џерард е кандидат за нов селектор на Полска

Поранешниот менаџер на Астон Вила, Стивен Џерард би можел да го преземе полскиот фудбалски тим, пренесуваат британските медиуми.

Полска во моментов е без селектор, бидејќи Фудбалскиот сојуз на оваа земја (ПЗНП) одби да го продолжи договорот со Чеслав Михневиќ по елиминацијата на репрезентацијата во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Џерард (42) е без работа од октомври минатата година, откако доби отказ од Астон Вила. Пред клубот од Бирмингем беше тренер на шкотскиот Ренџерс и помладите селекции на Ливерпул.

Полските медиуми пренесуваат дека меѓу кандидатите за нов селектор на Полска се Ненад Бјелица, Владимир Петковиќ и Ерве Ренар. ПЗНП претходно најави дека до крајот на јануари ќе го соопшти името на новиот селектор кој ќе ја предводи Полска во квалификациите за ЕП 2024 година.