Connect with us

Ракомет

Стоилов: Добро се носиме со титулата шампиони, одиме на победа против Барса

Ова е трет меѓусебен натпревар на Вардар и Барселона годинава. На полуфиналето од Ф4 во Келн, победи Вардар, а во полуфиналето на Супер Глоуб подобра беше Барселона.

Во сабота во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански” се игра првата меѓусебна пресметка во сезонава. И двете екипи имаат по три победи и едно реми.

„Барселона е една од најдобри екипи во светот. Оваа година ни го нанесоа единственот пораз на Супер Глоуб турнирот, па се надевам дека ќе го смениме впечатокот и ќе ги победиме на домашен терен. Немаме повредени играчи, сите се желни и подготвени за победа. Се надевам со помош на навивачите дека ќе ја оствариме посакуваната цел. Оваа година немавме проблеми во нападот само против Пик Сегед. Не ги користевме чистите шанси и тоа мораме да го поправиме. Секогаш на нашите натпревари противничкиот голман е најдобриот на терен. Уште минатата година екипите започнаа да не респректираат, а оваа сезона мислам дека добро се носиме со титулата шампиони”, вели Стојанче Стоилов, капитенот на „црвено-црните”.

Вардар како европски првак на секој натпревар влегува како фаворит, и сите екипи играат максимално против „црвено-црните”. Против Барселона составот на Вардар ќе биде комплетен. Во составот ќе биде и Игор Карачиќ кој веќе неколку денови тренира со екипата.