Connect with us

Ракомет

Сторија за РК Вардар од Мексико

Во северниот дел на мексиканскиот град Монтереј, има уште еден клуб кој го носи името Вардар, а тоа е РК Вардар МХ. Клубот има исти бои, речиси ист грб како неговиот познат близнак, но е основан во 2017 година, наместо во 1961.

Со оваа реченица ЕХФ ја започнува сторијата за мексиканскиот ракометен клуб Вардар.

Овој клуб е формиран само неколку месеци откако РК ВаStoрдар ја освои Лигата на шампионите во јуни 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

CHAMPIONS!!!!?⚫ @rkvardar congrats ???

A post shared by RK Vardar MX (@rkvardarmx) on

Потврдуваат дека клубот и успехот на македонската екипа била инспирација да формираат ракометен клуб.

-Кога ја освоија Лигата на шампионите, тоа беше инспиративна приказна за нас. Бидејќи тие беа победници, клубот стана се попопуларен и научивме повеќе за тимот, неверојатнит навивачи и неверојатната земја на Македонија. Се вљубивме во Вардар и тоа беше причината да решиме да создадеме нов клуб како Вардар “, објаснува Хозе Мата Гомез, ко-основач и администратор на РК Вардар МХ.

Мексиканскиот тим Вардар има една екипа, која се натпреварува во мексиканската прва лига, а планираат да се прошират со женски и младински тим.

РК Вардар МХ можете да го следите на Фејсбук и Инстаграм