Connect with us

Фудбал

Страхан си даде отказ од Шкотска, некогашниот наследник на Фергусон ја превзема функцијата

Повеќе Англиски весници пишуваат дека прашање е само на време кога поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер јунајтед, Дејвид Мојес, и официјално ќе биде именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Шкотска.

Пред неколку дена ФФШ ја прекина соработката со Гордон Страхан, а британските медиуми открија дека Мојес веќе седнал на преговарачката маса и дека сака по секоја цена да биде имануван за нов селектор.

Мојес моментално е без никаква функција, а последен клуб кој го тренираше беше шпанскиот прволигаш Реал од Сосиедад.