Connect with us

Други спортови

Страшна трагедија каква што спортот долго не памети: Убил човек, а не ни знаел дека го направил тоа (ВИДЕО)

Голема несреќа за жал со фатални последици се случи во вторник на  релито Дакар 2023 година . Организаторите објавија дека еден италијански гледач загинал поради инцидент што се случил за време на трката.

Чехот Алеш Лопраис удрил гледач кој во тој момент бил надвор од неговото видно поле. Тоа беше голем шок за присутните, а возачот не ни забележа што се случува.

„Имам многу лоши вести, кои ми ги кажаа кога се вратив од деветтата етапа. Веќе бевме во кревет кога ми покажаа видео од трката каде по грешка удривме маж кој ја фотографира сопругата. Тој беше повреден, имаше мачнина и вртоглавица во следните два-три часа, а на пат кон болница доживеа и срцев удар“, изјави чешкиот возач.

На видеото се гледаат и снимки од неговата кабина, кои потврдуваат дека Лопраис не можела да го види гледачот кој се наоѓал на крајно опасно место.

„Човечки живот е прекинат поради мене, индиректно, затоа што возев. Морам да признаам дека ниту јас ниту мојата екипа не го забележавме тоа. Имаме „onboard“ и други видеа за да го докажеме тоа. Но, тоа не го менува фактот дека човекот го загубил животот. Дојде да го види Дакар и за жал беше зад таа дина… А ние тоа не го видовме, никој од нас“.

„Сакам да изразам длабоко сочувство до неговото семејство и пријателите. Многу ми е жал за оваа несреќа и ќе ме следи до крајот на животот“, заклучил возачот, а се уште не се знае дали ќе ги вози следните етапи.