Connect with us

Фудбал

Страшниот Кејн ја сруши Италија и ја однесе Англија на ЕП

Англија на „Вембли“ ја победи Италија со 3:1 и со тоа стана деветта репрезентација што се избори за Германија во 2024.

Европскиот првак за да избори пласман сега мора да освои барем бода во натпреварите со Украикна и Македонија.

Кејн постигна два, Рашфорд додаде уште еден, додека Скамака погоди за Италијанците.

Италијанците поведоа, но следеше брз пресврт на силната Англија, а третиот гол на Кејн беше вистинска мала мајсторија. Кејн прими тешка топка во центарот, успеа да ја смири, лесно го мина својот чувар и рутински погоди.