Connect with us

Фудбал

Страв во Милано, Ибрахимовиќ повторно повреден!

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ не беше повикан од тренерот Стефано Пиоли за пријателскиот натпревар против Бреша. Причината зошто не беше повикан е поради тоа што тој се опоравува од повредата на десната нога.

Швеѓанецот ќе одмори за да биде подготвен за квалификацискиот натпревар во Лигата на Европа против Шамрок Роверс, кој ќе се игра во четврток. „MilanNews“ објави дека тој имал удар во десната нога.

38-годишникот се обидува да се опорави на време. Тренерот Пиоли ќе ги чека вестите за напаѓачот, во надеж дека ќе има успех. Ибрахимовиќ се надева дека ќе биде на теренот против Ирците.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com