Connect with us

Фудбал

Долга ќе биде паузата на Суарез, поради тоа Барселона одреди четири цели за негова замена

Луис Суарез нема да биде во можност да настапи околу четири месеци, иако Барселона мислеше дека паузата по операцијата ќе биде неколку недели. Не планираше да купува напаѓач во зимскиот преоден рок, но според „Мундо Депортиво“, одлуката е променета.

Истиот медиуми тврди дека одредени се четири имиња, а едно од овие во јануари треба да пристигне на „Камп Ноу“.

Прва цел е Кристијан Стуани од Џирона. Тој одигра 18 меча во Сеугунда дивизија, постигна 16 голови, а има договор со Барселона до 2023-та.

Други на списокот на управувата се Карлос Вела од Лос Анџелес, Аргентинецот Чими Авила од Осасуна, како и Габигол, кој е сопственост на Интер. Се соопштува дека Бразилецот може да стане дел од договорот за Артуро Видал.

Имињата на Рафаел Леао од Милан и Лаутаро Мартинез од Интер, исто така, се на листата на желби, но двајцата не можат да бидат привлечени во оваа фаза од сезоната.