Connect with us

Фудбал

Судијата Лорен Коприва од Луксембург ќе суди на Македонија-Лихтенштајн

Судијата Лорен Коприва од Луксембург е одреден да го суди натпреварот во понеделник во Струмица меѓу Македонија и Лихтенштајн. Него ќе му помагаат сонародниците Даниел Да Коста и Давид Матеус Сантос. Улогата на четврти судија ја има Александре Боку од Белгија.

Дуелот Македонија и Лихтенштајн е од 10. коло од групата Г од квалификациите за Светското првенство во Русија.

Нашата репрезентација е во обид да постигне нова победа и ја има фаворитската улога во дуелот против Лихтенштајн, кој е последен во групата.