Connect with us

Кошарка

Судиска комисија при МКФ апелира да не се врши притисок врз судиите

Во врска со написите во одредени медиуми околу судењето на македонските кошаркарски судии во Првата лига, со соопштение се огласи Судиската комисија која смета дека со ваквиот начин на комуникација и напади врз судиите се врши притисок врз нив.

– Сакаме да напоменеме дека нападот на одреден судија преку средствата за јавно информирање и од страна на средствата за јавно информирање е јавна осуда односно јавен линч во ситуација кога во федерацијата има интерни постапки за утврдување и оценување на работата на судиите. Некоректно е да се врши притисок врз евентуалната одлука на телата на МКФ, велат од комисјата.

Конкретниот натпревар (Фени Индустри – АВ Охрид), за кој медиумите пишуваат и за конкретниот судија од страна на КК АВ Охрид има приговор за судењето, информираат од Судиската комисија.

– Комесарот за натпреварување заедно со Судиската комисија при МКФ ќе ја прегледа снимката од натпреварот и ќе ги разгледа сите расположливи докази за расветлување на случајот околу спорните моменти од натпреварот. Доколку се утврди дека судијата погрешил ќе има соодветни санкции. Потенцираме дека надворешниот притисок нема да влијае за донесување на одлука која ќе биде надвор од доказите и од фактите.

Судиската комисија ги замолува клубовите во иднина да се воздржат, од како што велат, вакви непотребни коментари со кои се руши авторитетот на македонските судии.

– И судиите, како и играчите, имаат право на грешка. Грешките се составен дел од кошаркарската игра, а преку своите грешки се доаѓа до напредок стои на крајот од соопштението.