Connect with us

Фудбал

Суми од кои боли глава, која репрезентација е најскапа, а која најефтина на Мундијалот во Катар?!

Познатата фудбалска опсерваторија CIES од Нојшател (Швајцарија) ја процени вредноста на секоја репрезентација која се пласираше на Светското првенство во Катар. Во предвид беа земени 831 играч, а конечниот резултат покажува дека Англичаните се најскапата екипа (речиси 1.500.000.000 евра), односно дека Костарика е најевтина (само 23.000.000).

Вчера со своја оценка излезе и Трансфермаркт. Разликата во оценувањето е очигледна. Особено кога станува збор за најскапите поединци. Така, на пример, во првата варијанта, најскап поединец на Мундијалот е Килијан Мбапе (160.000.000), додека CIES му дава приоритет на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд и го вреднува со дури 202.000.000!