Connect with us

Фудбал

Светски шампион со признание за трансферот во Катар: Парите беа пресудни

Светскиот шампион со Германија од Мундијалот во Бразил во 2014 година објави текст на „Линкедин“ во кој објасни зошто решил да ја напушти Европа и да игра во Катар. Играчот од средниот ред направи трансфер од Пари Сен Жермен во Ал Ахли.

„Неодамна имаше многу шпекулации околу мојот трансфер во Катар… многу луѓе ме прашуваат, особено во Германија: „Зошто сега Катар? Зошто не Бундеслигата или друго европско првенство?“. Тоа едноставно не се случи и да бидам искрен, веќе не бев убеден дека сакам да направам уште еден чекор во Европа. „Идејата да ја напуштам Европа и да играм редовно на 30-годишна возраст ми беше привлечна“, започна Дракслер.

„Да, се разбира, финансискиот аспект одигра многу важна улога. Едноставно можам да кажам дека по 12 години во Европа сакав да откријам нова култура, да стекнам ново меѓународно искуство и да учествувам во возбудлив проект во арапскиот свет. Ќе излажам ако ја изоставам темата за пари, секако дека беше пресудна. Можам да ги разберам критиките, но ова е мојот живот и среќен сум со изборот што го направив“, додаде тој.