Connect with us

Фудбал

Светското клупско првенство од 2021 година со 24 екипи

Членот на светската фудбалска асоцијација ФИФА, Герхард Гриндел објави дека се подготвува нов формат за натпревари на Светското клупско првенство.

Гриндел, кој е претседател на Фудбалската федерација на Германија, на својот „Фејсбук“ профил напиша дека е против предлогот на ФИФА, ова натпреварување од 2021 година да брои 24 екипи.

Според Гриндел, ФИФА сериозно ја разгледува можноста Светскиото клупско првенство во јуни 2021 година да се игра 18 дена и тоа со вкупно 24 екипи, кои би биле поделени во три групи по осум тимови.

Ваквата идеја на ФИБА е неприфатлива за Гриндел, кој смета дека треба да се заштитат и играчите, на кои им е потребен одмор, во и онака згуснатиот календар.

Инаку, сега на Светското клупско првенство кое се одржува секоја година, настапуваат седум екипи – континенталните шампиони, како и првакот на земјата домаќин.

Според информациите, ФИФА во март следната година, ќе го разгледува и одлучува по новиот предлог за натпревраување на ова првенство.