Други спортови
Тајсон Фјури: Боксот ќе биде хаос кога ќе заминам, сакам уште 10 борби
Шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, изјави дека е подготвен да потпише договор за уште 10 борби. До денес Фјури има 33 победи и ниту еден пораз.
„Сакам да потпишам уште еден договор за 10 борби по оној со Усик. Ќе видам со кого ќе го постигнам најдобриот договор за уште 10 средби“, рече Фјури.
„Би било глупаво да го напуштам боксот кога заработувам милиони долари и уживам во него. Боксот е дефинитивно позабавен кога сум во него. Кога ќе замине, боксот ќе биде целосен хаос“, додаде тој.