Фудбал
Така го прави тоа Барселона: Осум додавања во десет метри простор
Барселона го има еден од најдобрите женски тимови во светот на фудбалот.
Дамите од Каталонија го покажуваат ова од сезона во сезона, а во првото коло од групата Ц од годинашната Лига на шампиони го совладаа Арсенал со 4:1.
Головите за Барса ги постигнаа Калдентеј, Путелас, Ошоала, Мартенс, за гостите голот го постигна Маамум.
Меѓутоа, натпреварот го одбележа неверојатната тика-така на фудбалерките на Барселона, кои ги полудеа фудбалерките на Арсенал со осум додавања на средина од теренот во простор од десет метри.
FC Barcelona. pic.twitter.com/SYtd63WtpP
— Alex Ibaceta (@alexibaceta23) October 5, 2021
Овој потег на фудбалерките на Барселона веќе стана хит на Интернет, а некои од коментарите велат дека тие би можеле да ги заменат играчите на Барселона кои во последно време пружаа лоши игри, особено во Лигата на шампионите.