Connect with us

Фудбал

Таксистот во Перуџа се фотографираше со Суарез, но Уругваецот не беше воодушевен од тоа

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез пристигна денес во Италија да полага испит на италијански јазик.

Потребно беше Суарез да положи за да се добие италијански пасош, и тоа беше главната причина за неговото пристигнување во Перуџа. Медиумите на Апенините објавија дека Суарез добил диплома за познавање на италијански јазик, ниво Б1, и дека може да добие пасош.

Познато е дека Уругваецот веќе некое време се поврзува со трансфер во Јувентус, поради што денес привлече неверојатно внимание кога се појави на улиците во Перуџа.

Кога слетал на аеродромот, Суарез со такси се упатил на адресата на која требало да полага испит. Таксистот што го возеше мораше да ја искористи можноста да го „документира“ тоа и се одлучи за селфи, но Суарез не беше баш воодушевен од тоа.