Connect with us

SPORTM.mk

Талент на Барса прослави гол во стилот на Роналдо, клубот го избриша видеото и го обработи малку (ВИДЕО)

Младиот фудбалер на Барселона, Фермин Лопез се најде во центарот на вниманието по натпреварот за јуниорскиот тим на каталонскиот клуб. Јуниорите на Барселона викендов го победија Корнел со 3:2, а еден од хероите на натпреварот беше 18-годишниот Лопез, кој постигна одличен гол со ножички. Во 33. минута од натпреварот Лопез постигна фантастичен гол со ножички за 1:1, но потоа доби големи критики за начинот на кој го прослави голот.

Имено, младиот играч на Барселона го прослави голот во стилот на Кристијано Роналдо, а за време на прославата го извикуваше култното „сиууу“.

Тоа баш не им се допадна на навивачите на Барселона бидејќи во овој клуб баш и не го сакаат Роналдо, а причините за тоа не треба да се објаснуваат.

На крајот, многумина беа изненадени што клубот го избриша видеото од официјалниот сајт откако го критикуваше младиот Лопез, кој со тоа очигледно не мислеше ништо лошо, ниту пак му беше забрането Роналдо да биде еден од неговите фудбалски идоли.

Сепак, Барселона набрзо потоа повторно објави видео од овој гол, но овој пат го отсече делот на кој се гледа како Лопез го прославува голот.