Connect with us

Фудбал

Талентот на Баерн го доби првиот професионален договор и веднаш беше позајмен

Баерн (Минхен) го потпиша академскиот талент Јусеф Кабадаи со прв професионален договор до 2025 година и го испрати во второлигашот Шалке 04 на позајмица за следната сезона со опција за откуп, објави баварскиот гигант.

Шефот на Академијата на клубот, Јохен Зауер, во изјава објасни дека 19-годишниот Кабади ќе ги направи првите чекори во професионалниот фудбал во Шалке 04 и дека неговиот развој внимателно ќе се следи.

19-годишниот талент игра како лево крило и е производ на академијата на Баерн каде играше 10 години. Минатата сезона беше дел од резервниот тим во четвртиот степен на германскиот фудбал, постигнувајќи 13 гола на 38 натпревари.