Ракомет
Талески со Рајн Некар забележа победата над Миркуловски и Вецлар во Бундеслигата
Во 9то коло во Германската Бундеслига, победа забележа младиот Филип Талески со екипата на Рајн Некар над Филип Миркуловски и екипата на Вецлар со резултат 31-24.
Најефикасни во дуелот се Холст со 5 и Шмид со 12 погодоци, двајцата македонски репрезентативци не забележаа гол на натпреварот.
Рајн Некар со новата победа останува на врвот на табелата, додека, Миркуловски и Вецлар се на средината од табелата на 10та позиција.