Connect with us

Фудбал

Татко му беше страшен играч, сега е претседател на африканска држава, но никогаш не настапи на СП, а неговиот син на првиот настап постигна гол (ВИДЕО)

Тимоти Веа е стрелецот на голот за САД на мечот против Велс кој се играше вечерва за 1:0, а кој подоцна заврши без победник 1:1, бидејќи Бејл од пенал израмни.

Интересно е тоа што голот на Тимоти Веа е практично негов дебитантски на Светски првенства, затоа што за прв пат настапува на еден Мундијал.

Тимоти инаку е син на славниот напаѓач од Либерија, Жорж Веа. Страшен фудбалер на кој сигурно се сеќаваат постарите љубители на фудбалот, кој остави длабока трага на фудбалските терени во 90-тите години. Прв го откри Арсен Венгер кога беше тренер  на Монако, потоа играше за ПСЖ, Милан, Челзи, Манчестер Сити, Марсеј. Најголема трага остави во редовите на Милан, освои две титули. Беше најдобар стрелец во ЛШ, ФИФА играч на годината, добитник на Златна топка. Сепак, Жорж Веа никогаш немал шанса да игра на СП бидејќи неговата земја никогаш не обезбедила пласман на Мундијал.

Неговиот син е роден во Њујорк, иако имал можност да игра за Франција, сепак ја одбрал селекцијата на САД. Тимоти во моментов го носи дресот на Лил, а една сезона беше дел од ПСЖ. Игра на позицијата крилен напаѓач.

Инаку, Жорж Веа во моментов е претседател на Либерија, бидејќи одлучил фудбалската кариера да ја надгради со политичка.

Голот на Тимоти на следниот ЛИНК.