Connect with us

Фудбал

Тажен Суарез: Не знам дали ќе можам да продолжам да играм

Напаѓачот на Гремио, Луис Суарез призна дека најверојатно наскоро ќе ја заврши кариерата. 36-годишниот Уругваец го мачеа болки во коленото и ова е причината поради која побара да го напушти клубот од Порто Алегре.

„Морам да бидам искрен со себе, со моето тело и со клубот. Чувствувам дека следната година нема да бидам на потребното ниво поради мојата физичка кондиција и големите оптоварувања во бразилскиот шампионат. Затоа побарав од управата на клубот да ми го раскине договорот една година порано. Наидов на разбирање, за што сум благодарен“, сподели Суарез .

„Не знам дали ќе продолжам да играм на друго место бидејќи имам хроничен проблем со коленото за кој сите знаете. Би сакал навивачите на Гремио да го ценат фактот што имам 36 години и на секој натпревар сум на теренот, без разлика на болката. Тоа е се што барам“, продолжи Уругваецот.

„Да, свесен сум дека Интер Мајами разговараше со Гремио и доби одговор дека имам договор до 2024 година. Можам само да додадам дека Интер Мајами не контактирал со мене“, додаде Суарез .

Се верува дека ветеранот сака да го напушти Гремио и да потпише за клубот од Флорида, каде повторно ќе може да игра заедно со поранешниот соиграч од Барселона, Лионел Меси.