Ракомет
Телма ги откупи правата за Европското првенство 2018 од Хрватска
Хрватска следната година е домаќин на Европското првенство во ракомет за мажи кое ќе се одржи од 12 до 28 јануари.
Телевизија Телма која минатата сезона вршеше директен пренос само од натпреварите во домашното првенство и натпреварите на репрезентацијата на Македонија, сега ќе имаме можност да ги бодриме нашите ракометари и на европското првенство во Хрватска преку ТВ Телма.
Како што дознава Спорт М договорот е веќе склучен, а Телма ќе ги пренесува сите натпревари каде што ќе настапува македонската ракометна репрезентација, како и други натпревари кои ќе предизвикаат внимание кај публиката.