Connect with us

Фудбал

Темни облаци се надвиснаа над Тотенхем, Постекоглу загуби тројца за долго време

Тотенхем несреќно загуби со 1:4 од Челзи и со тоа го претрпе првиот пораз од почетокот на сезоната во Премиер лигата.

Дополнително, Спарс во следните неколку недели ќе мора да останат без тројца свои клучни играчи.

Станува збор за дефанзивецот Мики Ван де Вен, плејмејкерот Џејмс Медисон и напаѓачот Ричарлисон.

Првите двајца ќе се вратат на терен до Нова година, додека Бразилецот ќе биде опериран и се очекува да отсуствува околу еден месец.

Ова го соопшти менаџерот на Тотенхем – Анже Постекоглу, на прес-конференција пред претстојниот натпревар против Вулверхемптон.

„Ван де Вен ќе биде надвор од терените неколку месеци до Нова година“, рече тој за холандскиот дефанзивец.

За Џејмс Медисон, Постекоглу рече: „Во Медисон е многу полошо отколку што мислевме. Најверојатно ќе биде надвор до Нова година“.

Ричарлисон треба да отсуствува еден месец“, додаде тренерот на Тотенхем за ситуацијата со Бразилецот.