Connect with us

Фудбал

Тен Хаг: Покажавме дека знаеме да го победиме Сити

Во сабота на програмата е големото финале на ФА Купот на Англија во кое за првпат во историјата ќе се сретнат големите ривали Манчестер Сити и Јунајтед.

Во пресрет на финалето, менаџерите на Јунајтед и Сити проговорија за претстојниот дуел за официјалната програма на натпреварувањето.

„Нашата цел денес е иста како и секогаш: да победиме. Не се борите од коло во коло за да стигнете до финалето на купот само за да уживате во убав ден; штом ќе стигнете до финалето, тогаш треба да го дадете секој дел од вашата енергија за да бидете сигурни дека ќе го напуштите Вембли со трофејот.

Ова е фантастична можност за оваа група играчи да го освои нашиот втор трофеј сезонава и да создаде нов момент од историјата за овој голем фудбалски клуб. Ако се држиме до нашиот план за игра, ги следиме нашите правила и црпиме дополнителна сила од нашите неверојатни навивачи, тогаш имам целосна доверба дека денес можеме да ја постигнеме нашата цел и да направиме уште еден голем чекор напред на нашето заедничко патување.

Силната врска што се разви меѓу овој тим и нашите навивачи е една од најважните работи оваа сезона, а таа врска ќе биде поважна од кога било на Вембли додека се натпреваруваме во финалето на ФА Купот со Пеп Гвардиола и Манчестер Сити.

Знаеме дека ќе мора да бидеме максимални против голем противник. Веќе покажавме дека сме способни за тоа бидејќи победата во Премиер лигата над Сити во јануари беше еден од нашите најдобри натпревари досега оваа сезона. Значи, знаеме што се бара, ги знаеме стандардите што треба да ги постигнеме.

Можам со сигурност да кажам дека Пепа не очекува лесен натпревар попладнево бидејќи во повеќе наврати покажавме дека имаме способност да му правиме проблеми на секој тим“.

Финалето на ФА Купот на Англија помеѓу Манчестер Сити и Јунајтед е на програмата од 16:00 часот.