Connect with us

Фудбал

Тен Хаг целосно потиштен и разочаран по отказот од Јунајтед, снимено емотивно збогување (ФОТО)

Ханс Крај Јуниор, холандски стручњак и голем пријател на Ерик Тен Хег, откри како сега поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед е целосно очаен и уништен откако доби отказ на Олд Трафорд.

„Разбирам дека добива 17 милиони евра по отказот и дека луѓето зборуваат како животот во Манчестер Јунајтед променил сè за него, но тоа не е вистина. Тој е целосно, целосно уништен. Тој е уништен во моментов, не размислува за пари, тоа ќе дојде подоцна“, рече Крај во ток-шоуто на Хамберто Тан.

Утрото по неговото отпуштање, Тен Хаг беше снимен како вознемирено го напушта Манчестер на аеродромот и се враќа во својата Холандија. Фотографите го снимија моментот кога тој за последен пат го гушка персоналот на аеродромот и се збогува со сите додека се качува на приватен лет.

По отказот, Тен Хаг ќе добие отштета од 17 до 21 милион евра од клубот поради раскинување на договорот. Тоа беше еднa од „кочниците“ зошто не беше заменет по претходните резултатски кризи.