Фудбал
Тен Хег отпиша 13 играчи, заминува и светскиот рекордер
Манчестер Јунајтед летово би можел да остане без 13 играчи, пренесува Дејли Мејл. Листата на играчи кои би можеле да заминат ја предводи Хари Мегваер, најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Мегваер, капитенот на Јунајтед, е во втор план кај тренерот Ерик тен Хаг и планира да замине во клуб каде што ќе има поголема улога. Тој оваа сезона во Премиер лигата одигра само 672 минути. Јунајтед го донесе пред четири години за 87 милиони евра од Лестер.
Блиску до заминување се и Ентони Марсијал, Диого Далот, Арон Ван-Бисака, Фред, Скот Мектоминај, Дони ван де Бик, Ентони Еланга и Брендон Вилијамс, за кои Тен Хег смета дека не му се потребни. Од позајмица ќе се вратат Аксел Туанзебе, Ерик Баили и Алекс Телес, но тренерот не смета ниту на нив. Фил Џонс претходно најави заминување по истекот на неговиот договор во јуни.