Connect with us

Фудбал

Тен Хег веќе договорил нова работа? „Ќе видиме што ќе биде по Нова година“

Ерик Тен Хаг (53) наскоро би можел да го напушти Манчестер Јунајтед. Англичаните тврдат дека него треба да го наследи Греам Потер (48), кој веќе извесно време е на слобода. Тен Хег пристигна во Манчестер Јунајтед во летото 2022 година и досега има 53 победи, девет нерешени и 24 порази во 86 натпревари. Во вторникот испадна од Лигата на шампионите, а во Премиер лигата Јунајтед заостанува десет бода зад Ливерпул.

Легендарниот норвешки фудбалер и новинар Јан Аге Фјортофт тврди дека Тен Хаг би можел веднаш да добие нова работа. Холанѓанецот од Нова година би можел да ја преземе Борусија Дортмунд, која не е задоволна од работата на Един Терзиќ. Советникот на Борусија, Матијас Самер веќе соработуваше со Тен Хаг, кого го донесе во Баерн пред десет години.

Тен Хаг две години раководеше со вториот тим на Баерн, а потоа го презеде Утрехт. Самер го цени Тен Хаг, а Фјортофт пишува: „Луди гласини од Германија. Тен Хаг би можел да биде новиот тренер на Дортмунд. Ќе видиме што ќе се случи од Нова година“.