Connect with us

Други спортови

Тенисерка најдобра во женска конкуренција, за една година заработи 37,4 милиони долари

Јапонската тенисерка Наоми Осака постави нов женски спортски рекорд, заработувајќи 37,4 милиони долари за една година и стана најплатена спортистка во светот. Таа парите ги заработи од турнири, реклами, хонорари за разни настапи и од други комерцијални зделки.

Во рангот на списанието „Форбс“ на спортисти од двата пола, Осака го зазема 29-то место. Претходно, спортистките никогаш не заработиле толкава сума.

Американката Серена Вилијамс го зазема 33-то место – таа заработи 36 милиони долари. За прв пат од 2016 година, две жени влегоа во првите 100 спортисти (освен тенисерки, нема други жени на оваа листа).