Кошарка
Теодосиќ: “Подготвен сум да одговорам на предизвикот во Клиперс“
Новото засилување на Л.А Клиперс, Милош Теодосиќ на “Media Day” во НБА, истакна дека е подготвен да одговори на предизвикот во најсилната кошаркарска лига, поточно дека не сака да ја грее клупата во ЛА Клиперс.
Долго време чекав да дојдам во САД, и подготвен сум да ги докажам моите квалитети. Сакам да се натпреварувам, не дојдов во НБА-лигата само за да седам на клупа. Сакав и порано да играм во оваа лига, но бев под договор. Ја искористив првата прилика за доаѓање тука, само што ми истече договорот со ЦСКА одлучив да го прифатам повикот од НБА, откри Теодосиќ.