Фудбал
Тешки зборови на агентот на Бејл: Реал треба да ја бакнува земјата по која чекори Бејл
Велшкиот репрезентативец, Герет Бејл пред неколку дена го засили Тотенхем како позајмен играч на Реал Мадрид.
Големо внимание во последните неколку месеци привлече статусот на Бејл во Реал, а по завршувањето на договорот за позајмица во Тотенхем, проговори и неговиот менаџер.
Џнатан Барнет не ги поштеди Реал и челниците на клубот и веројатно по неговата изјава денес, евентуалното враќање на Бејл меѓу кралевите за една година се чини како невозможна мисија.
„Таму имаше се и сешто. Клубот не се однесуваше добро кон него. Мислам дека заслужи многу подобар третман за она што го направи за Реал. Всушност, за сè што постигна, Реал треба да ја бакнува земјата по која чекори Бејл“, изјави менаџер на велшкиот фудбалер, а потоа објасни како настанало неговото враќање во Тотенхем:
„Првиот човек на клубот, Даниел Леви, долго време беше заинтересиран да го донесе Герет, но секогаш имаше причина што не можеше да се направи тоа. Сега беше вистинското време. Тој го сака Тотенхем, и пред се, тие први кои повлекоа потег. Поради тоа потпиша за Тотенхем, иако поголемите тимови го посакуваа во своите редови. Се надевам дека сè ќе се одвива според планот во Тотенхем и дека нема да бидеме во позиција да се вратиме во Реал. Не сакам да се врати во Мадрид“