Фудбал
Тешкиот пораз на Вардар се одрази врз натпреварот со Розенборг
Тешкиот пораз кој Вардар го имаше од 5-0 се чини дека остави последници кај играчите.
Вечерашниот натпревар од групната фаза добро тргна.
Во 3. минута Блажевски имаше одлична шанса за да го отвори натпреварот и Вардар да добие водство. Но тоа не се случи. Блажевски ја погоди десната статива од противничкиот гол.
Тешко организираните акции на Вардар, доведоа и до Муслиу да заработи жолт картон.
Пробувајќи да спречи гол, се здоби со жолт картон, а противникот со можност за пенал.
Бендтнер беше стрелецот на голот од пенал на Розенборг, кој смирено и цврство уверен во себе го реализираше пеналот.
По реализирањето на пеналот, Вардар време беше да се разбуди и да ја промени тактиката.
Без некоја поголема акција заврши првото полувреме со резултат од 1-0.
Второто полувреме ништо по различно. Играта остана иста, а резултатот се качуваше во корист на домаќинот.
56. минута беше постигнат првиот гол во второто полувреме, а 12 минути подоцна домаќините постигна уште еден гол.
До крајот на натпреварот Вардар се изнамачи. И кога сите изгубија надеж Вардар го постигна првиот гол на Вардар во европските натпреварувања.
Натпреварот заврши 3-1, Вардар се враќа дома без освоен бод и моментално е на последната позиција од табелата.