Connect with us

Други спортови

Тежок пад на ски-скокачот Дитхарт

Поранешниот победник на новогодишната турнеја Четири скокалници, Австриецот Томас Дитхарт, доживеал тежок пад на вчерашниот тренинг во австрискиот центар Рамсау и со хеликоптер итно бил пренесен во болницата во Шладминг.

25-годишниот ски-скокач се здобил со повреди на главата и на градниот кош. Според првите информации што го пренесоа австриските медиуми, состојбата на Дитхарт е стабилна и неговиот живот не е загрозен.

Дитхарт го освои трофејот на „Четири скокалници“ во 2013/2014 година, а со австриската репрезентација го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Сочи во 2014 година.