Поврзи се со нас

Фудбал

Тијаго одби да го допре славниот грб во тунелот на „Енфилд“: Тој само застана, погледна и продолжи…

Тијаго Алакантара е најзвучното засилување ова лето не само во Ливерпул, туку и во текот на Премиер лигата.

-текстот продолжува по рекламата-

Шпанецот пристигна минатата недела, а дури вчера се сретна со „Енфилд Роуд“, стадионот на кој планира да игра во следните неколку години.

При првата посета на култниот стадион, камерите го следеа Алкантара, кој застана пред познатиот грб „Ова е Енфилд“, но одби да го допре.

-текстот продолжува по рекламите-

„Како што слушнав од Фернандо Торес, ова ќе биде место низ кое ќе поминуваме цело време, во мојот случај тоа е четири години“.

“Но, за да го допрам грбот, морам да го заслужам тоа, мора да освоиме што е можно повеќе трофеи. Затоа денес нема да го сторам тоа”, рече Алкантара.

29-годишниот играч за врска е добро подготвен за својата авантура во Англија, тој веќе течно зборува англиски и нема да има јазични бариери при адаптација.

Тој дебитираше за „црвените“ во неделата против Челзи кога го одигра второто полувреме, а првите минути на „Енфилд Роуд“ треба да бидат постигнати во понеделник против Арсенал.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама