Фудбал
Тијаго одигра само 45 минути и тотално доминираше
Ливерпул вечерва го совлада Челзи со 2:0 во дербито на 2. коло од Премиер лигата.
„Црвените“ извршија голем притисок на почетокот на второто полувреме и успеаа да стигнат до два гола. Двата гола за Ливерпул ги постигна Садио Мане кој на својот тим му донесе вредни три бода на Стемфорд Бриџ.
Во дресот на Ливерпул дебитираше и Тиаго Алкантара, кој потпиша за овој клуб пред само неколку дена. Јирген Клоп реши да му даде шанса на Шпанецот кој го одигра второто полувреме.
Иако направи пенал што го промаши Жоргињо, Тиаго остави одличен впечаток кај навивачите на „црвените“.
Една статистика особено ги воодушеви, а тоа е дека Тиаго имаше 75 прецизни додавања што е повеќе од кој било играч на Челси, а тој играше само 45 минути.
Thiago completed more passes (75) than any Chelsea player today.
He only played 45 minutes ?#CHELIV pic.twitter.com/IPel0jrpSd
— Goal (@goal) September 20, 2020