Connect with us

Фудбал

Тијаго Силва: Збогум ПСЖ, сега имам единствена цел со… Бразил

Финалето на Лигата на шампионите, каде ПСЖ загуби од Баерн Минхен, беше последниот натпревар за Тијаго Силва. Овој „брак“ траеше два месеци подолго по истекот на договорот, кој нема да биде обновен.

Бразилскиот централен дефанзивец, всушност, го официјализираше збогувањето по мечот со Баварците. За  „РМЦ Спорт“, тој истакна:

„Ова беше мојот последен натпревар со ПСЖ. Тажен сум што го затворам на овој начин. Во иднина ќе се вратам со друга улога во овој клуб, но сега треба да ја сменам околината. Сакам да играм уште 3-4 години. Имам само една цел: да бидам дел од Бразил на Светскиот куп во 2022 година во Катар“.

За „Скај Спорт“, Тијаго Силва ги негираше гласините за веќе постигнатиот договор со Фиорентина, но ги потврди тековните преговори со виолетовиот клуб.

„Јас не прифатив никаква понуда. Веста за договорот постигнат со Фиорентина не е вистина. Мојот агент разговара со Фиорентина, како и со другите клубови. Ќе донесам одлука во наредните денови, заедно со моето семејство“истакна Силва.