Фудбал
Тик-токер му ја протна топката низ нозе, а Роналдињо збесна (ВИДЕО)
42-годишниот Роналдињо помина низ многу нешта по завршувањето на кариерата. Беше во затвор во Парагвај, му беа конфискувани средствата поради неплатени даночни обврски, но за него нема зима бидејќи се уште зема огромни суми пари низ светот снимајќи реклами и играјќи егзибициони натпревари.
Ретко кој ја видел лошата страна на славниот фудбалер. ТикТокер толку многу го налути што тој бурно реагираше кон нив.
Ronaldinho levou entre as pernas e ficou pistola kkkkk pic.twitter.com/9YzJucWm9x
— Goleada da Zoeira (@goleadadazoeira) September 23, 2022
Решиле да го пречекаат Роналдињо на влезот од стадионот и да му ја протнат топката низ нозе. Успеаа во таа цел, но сигурно не ја очекуваа жестоката реакција на познатиот фудбалер.
Откако еден од нив му ја протна топката низ нозе, Роналдињо бесно тргна кон својот колега. Тој бесно ја шутнал топката кон него и ги изненадил момчињата кои се обиделе да се пошегуваат со него.
Очигледно не беше баш добар ден за Роналдињо. Обично не реагира бурно и секогаш е подготвен да се дружи. За него, сепак, ова не изгледало како шега и не сакал некој да го понижи.