Connect with us

Фудбал

Тимот на Реал Мадрид од иднината без Шпанци

Со доаѓањето на 17-годишниот Бразилец Рејнир Жезус Карваљо од Фламенго за 30 милиони евра, Реал Мадрид продолжува да го составува мозаикот за иднината.

Веројатно уште сега, полека, но сигурно „Кралскиот“ клуб работи на тим кој за некоја година треба да ја освои Шпанија и Европа.

Заедно со сонародниците Винисиус и Родриго, Рејнир би требало да биде еден од клучните играчи на Реал. Впрочем, ова го потврдува и сумата која тимот од Мадрид ја потроши за ангажирање на тројцата млади фудбалери, а која изнесува 120 милони евра.

Покрај бразилското трио, во тимот на иднината се наоѓа Мартин Едегард од Норвешка, потоа украинскиот голман Андриј Лунин, мароканскиот дефанзивец Аштраф Хакими, јапонскиот фудбалер од средината на теренот Такефуса Кубо, Уругваецот Валверде, но и спрскиот напаѓач Лука Јовиќ. Интересно е дека според ваквата поставеност, тимот од иднината на Реал е без Шпанци.

Иднината на Реал Мадрид:

Лунин (20) – Хакими (21), Милитао (21), Менди (24)- Кубо (18), Едегард (21), Валверде (21), Рејнир (17) – Родриго (18), Јовиќ (22), Винисиус (19)