Connect with us

Фудбал

Тите го објави конечниот список: Ветераните Алвеш и Силва го предводат Бразил на СП

Селекторот на Бразил Тите го објави конечниот список за Светското првенство во Катар.

Бразил ќе биде предводен од двајца ветерани, Дани Алвеш (39) и Тиаго Силва (38), во обидот да ја освојат шестата титула на Мундијалот.

Тимот го сочинуваат докажани имиња од европските клубови, а во нападот има голема конкуренција.

Голмани: Алисон, Едерсон, Вејвертон

Одбрана: Дани Алвеш, Данило, Алекс Сандро, Алекс Телес, Бремер, Милитао, Маркињос, Тиаго Силва

Среден ред: Касемиро, Рибеиро, Б. Гимараеш, Фабињо, Фред, Пакета

Напад: Антони, Г. Жесус, Г. Мартинели, Нејмар, Педро, Рафиња, Родриго, Ричарлисон, Винисиус.

Во групата со Бразил се Србија, Швајцарија и Камерун.