Connect with us

Фудбал

„Тоа е лоша шега“ – Реал Мадрид за прославата на Герет Бејл

На Реал Мадрид не му се допадна начинот на кој неговиот играч Герет Бејл го прослави влегувањето на Евро 2020 со репрезентацијата на Велс.

Фудбалерите по мечот на велшката репрезентација со Унгарија (2:0) го славеше пласманот на Европското првенство со знаме на кое пишуваше Велс, Голф, Мадрид.

Претходно велшките навивачи скандираа Велс, голф, Мадрид.

– Лоша шега, изјави за шпански медиум неименуван висок функционер на Реал Мадрид.

Официјални претставници на Реал изјавија дека во клубот има лутина, но и рамнодушност во однос на уште една епизода во низата проблеми меѓу Реал Мадрид и играчот.

Претходно, Предраг Мијатовиќ кој е дел од раководната структура на Реал, изјави дека на Бејл поголеми приоритети пред Реал му се репрезентација и играњето голф.