Connect with us

Фудбал

Тодороски: “ Зборовите на Јаневски многу ми значат“

На последниот натпревар против Ренова, клучниот потег на мечот беше погодокот на Фелипе кој што со прекрасен удар ја донесе победата на Вардар. Но, еден од оние кои што го сменија „изгледот“ на екипата во вториот дел е Тодор Тодороски. Младиот фудбалер на Вардар влезе на местото на Хамбарџумјан, кој што се пожали на повреда и доби жолт картон, па тренерот Јаневски му ја укажа довербата на 18-годишниот десен бек.

„Благодарност до стручниот штаб за укажаната доверба. Јас на теренот дадов се од себе да се претставам во најдобро светло. На крајот сум среќен што тимот успеа да дојде до трите бода, што е најважно на секој натпревар. Се надевам дека во иднина ќе добивам уште шанси за настап. Прекрасно е чувството кога се игра за првиот тим на Вардар и кога се победува“, рече Тодороски.

По натпреварот Јаневски во изјава го издвои настапот на Тодороски и во одбраната и во нападот, а фудбалерот се заблагодари на убавите зборови.

„Убаво е да се слушнат убави зборови од својот тренер, и тие зборови многу ми значат. Благодарност за кажаното од нашиот шеф на стручниот штаб, а таа изјава ми дава дополнителен мотив да се докажувам уште повеќе, и да ја оправдувам довербата понатаму. За мене како млад играч е да се докажувам и да покажам дека заслужувам да бидам дел од Вардар“, изјави младиот бек на „црвено-црните“.