Connect with us

Фудбал

Тодоров најави нови играчи

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Тодоров на прес-конференцијата по поразот од Цибона (76:83) кажа дека клубот ќе се засили со нови кошаркари.

– На следниот домашен натпревар ќе излеземе со малку изменет состав. Доколку направиме правилни потези се надевам дека ќе ги имаме играчите на позициите што ни недостасуваат во моментов. Да ни понудеше некој две победи од пет натпревари пред почетокот на сезоната ќе прифатев веднаш. Од денешен аспект ми е криво што немаме биланс 4-1. Што се однесува за поразот, тој се должи на непрецизниот удар во второто полувреме, за разлика од првото кого почесто погодувавме. Одиме понатаму. Им кажав на играчите, главата горе. Сезоната е долга, продолжуваме со напорна работа, изјави Тодоров.

МЗТ Скопје во следното коло гостува во Белград кај Црвена ѕвезда која е актуелен шампион во АБА лигата.