Connect with us

Кошарка

Тодоров: „Задар е екипа која може да игра на високо ниво“

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, во меч од 3. коло од АБА-лигата, се во улога на домаќини на тимот на Задар (18 часот), кој и покрај двата порази на стартот од регионалното натпреварување, сепак, е квалитетен тим.

Тренерот на македонскиот шампион побара поголем ангажман од сите кои ќе добијат шанса да настап против хрватскиот преставник.

Задар е екипа која на неодамнешното гостување во Подгорица кај Будуќност покажа дека може да игра кошарка на високо ниво. Има неколку опасни поединци на кои е базиран нивниот систем во нападот. Ние изминатиов период работевме напорно на отстранување на грешките од првите две средби во АБА-лигата. Очекувам да прикажеме многу подобра игра и пред се залагање, особено во однос на средбата против ФМП во Белград, изјави тренерот Александар Тодоров.

Ова ќе биде 11. дуел на овие две екипи во АБА-лигата, а досегашниот меѓусебен скор е 5-5 со тоа што МЗТ Скопје доминираше во периодот од 2012 до 2014 со скор 4-1 додека задрани вратија на идентичен начин во следните пет средби.

Натпреварот МЗТ Скопје – Задар е закажан за 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.