Connect with us

Фудбал

Тој вреди 15 милиони евра, игра за Барса, а заработува помалку од 10.000 евра неделно

Хектор Белерин помина низ Ла Масија, школата на Барса пред да замине во Арсенал како 16-годишник и таму да ја започне својата професионална кариера. Тој се врати во Барса минатиот септември и потпиша договор до крајот на сезоната. Тој откри дека во споредба со другите играчи не заработува многу.

Во еден разговор Белерин беше запрашан дали е вистина дека игра за 500.000 евра оваа година, а ова беше неговиот одговор:

„Да. Среќен сум што го правам ова долги години и што сум во финансиска комфорна ситуација, па можам да уживам во она што го сакам. На крајот, не треба онолку колку што мислиме дека треба. Моите приоритети не се распоредени според финансиите“, рече Белерин.

Белерин оваа сезона одигра два натпревари во Лигата на шампионите, три во шпанското првенство и еден во Купот на кралот. Трансфермаркт го проценува на 15 милиони евра.