Фудбал
Томас Милер го напушта Баерн по 23 години?
Томас Милер ќе го напушти Баерн на крајот на сезоната по 23 години минати во клубот. Долго се шпекулираше, дури и се најавуваше дека Милер ќе одлучи да потпише нов едногодишен договор, но сега се чини дека ништо нема да излезе од тоа.
Според германските медиуми, особено Билд, кој пишуваше за ова уште во мај, Милер решил да бара нова средина за да ја продолжи кариерата. Наводно има три понуди, трите од Серија А. Јувентус, Милан и Интер би сакале да го видат во своите тимови, а Билд пишува дека Јувентус е клубот во кој се гледа себеси Милер.
Милер е во Баерн од 2000 година и освои се што може да се освои со клубот. Оваа сезона има седум гола и 11 асистенции на 37 натпревари.