Connect with us

Фудбал

Томас Тухел е мирен, на крајот од сезоната ќе го води најголемиот клуб во кариерата?!

Томас Тухел (не) заслужено доби отказ од Челзи. Германскиот стручњак со „сините“ ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА. Сепак, клубот го презедоа Американците кои решија да го тргнат трофејниот стручњак по поразот од Динамо Загреб и шестото место во Премиер лигата по шест одиграни кола.

Дојде Потер, а Тухел е во потрагата по нов клуб. Потрагата би можела да трае до крајот на сезоната. Секогаш добро информираниот англиски „Атлетик“ пренесува дека Германецот би можел да продолжи во Шпанија и тоа на клупата на Реал Мадрид!

Карло Анчелоти брилијантно го води клубот. Тој се врати минатата сезона и веднаш ја освои двојната круна, односно ЛШ и домашното првенство. Тој и овој пат започна одлично. Мадриѓаните имаат пет од пет во првенството, а почнаа и со победа во ЛШ. Легендарниот Италијанец има договор до 2024 година, самиот најави повлекување на крајот од вториот мандат во Мадрид. Ќе видиме дали таа разделба може да дојде една година порано од очекуваното.

Тухел е единствена можност на пазарот, но тој континуитет и долговечност секогаш му недостигаше на клупата на еден тим. Досега ги водеше Мајнц, Борусија Дортмунд, ПСЖ и Челзи. Реал изгледа како природен чекор за неговата кариера.